Матераци се пофали дека скокнал 14 сантиметри повисоко од Роналдо (Видео)

Кристијано Роналдо даде фантастичен погодок во синоќешната победа против Сампдорија и воодушеви многумина. Португалецот погоди со глава, а по направените пресметки е потврдено дека Роналдо кога ја удрил топката со глава, бил на висина од 2,54 метри, а има одраз од земја дури од 71 сантиметар.

По овој погодок на Роналдо, се јави некогашниот италијански репрезентативец Марко Матераци. Италијанецот му честиташе на Кристијано за погодокот, но го потсети дека тој во минатото има дадено гол од поголема висина. На дуелот против Чешка, Матераци погоди со глава, а за време на ударот бил на висина од 2,70 метри, односно 14 сантиметри бил повисоко од ударот на Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести