26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Матета сонуваше за деби-гол во Премиер лигата, а постигна ремек-дело (видео)

Кристал палас на полувремето води со 1-0 на гостувањето кај Брајтон во мечот од 25-тото коло благодарение на ремек-делото на Жан-Филип Матета.

Младиот француски напаѓач во зимскиот преоден рок дојде како позајмен играч од редовите на Мајнц, па во својот трет премиерлигашки настап конечно успеа да ја затресе мрежата, а ни помалку ни повеќе, тоа го стори со феноменална штикла.

Гостите од голманот Гита тргнаа во брз напад и само со три додавања стигнаа до противничкиот шестнаесетник, кога Матета се намести да ја прими топката, но одлучи да шутира од прва иако немаше изградено простор, па се послужи со петата.

- Оглас -

Најнови вести