Матеус смета дека Нагелсман не исполнува еден услов за да биде успешен тренер на Баерн

Една од најголемите легенди на Баерн Минхен и германскиот фудбал воопшто, Лотар Матеус, верува дека Јулијан Нагелсман со својата работа си „заработил“ да биде тренер на баварците, но не исполнува еден важен услов.

„Тој доаѓа во голем клуб како тренер кој не освоил ништо во кариерата. Од таа страна, малку сум загрижен, но тој е млад стручњак кој за кратко време докажа каков талент е“ – изјави Матеус.

„Јулијан е млад, но истовремено и искусен, со години работи во Бундеслигата. Дефинитивно заслужи повик од Баерн“ – додаде Матеус.

Нагелсман има шанса да замине во Баерн со освоен трофеј, и тоа во Купот на Германија, каде неговиот Лајпциг е полуфиналист и утре игра со Вердер. Во другото полуфинале играат Борусија Дортмунд – Холштајн Кил.

- Оглас -

Најнови вести