Матеус: Во моментов Леверкузен е најдобар тим на светот

Легендата на Баерн Минхен и на германскиот и светскиот фудбал, Лотар Матеус, смета дека Баер Леверкузен е најдобар тим на светот во моментов.

Тимот воден од тренерот Чаби Алонсо води на табелата на Бундеслигата со 10 бода предност пред второпласираниот Баерн, а не знае за пораз цела сезона.

„Фудбал, брзина, мир со топката… Интересни се за гледање. Можам половина час да зборувам за нив. Ме потсетуваат на Барселона со Иниеста, Чави и Меси. Според мене, Леверкузен сега го покажува тоа. За мене, во моментов тие се најсилен фудбалски тим во светот“, вели Матеус.

За многумина, Манчестер сити е најдобриот тим во светот, а Матеус не сака да ги спореди со Леверкузен.

„Не сакам да ги споредувам со Ливерпул и Манчестер сити, но Баер го игра најквалитетниот фудбал кој сум го видел сезонава“, додава Матеус.

- Оглас -

Најнови вести