Матиќ со гол во 94-та минута ја спаси Рома од пораз на Олимпико

Фудбалерите на Рома со гол во 94-та минута успеаја да се спасат од пораз во дуелот со Торино. Херој на Римската волчица беше Немања Матиќ кој со одличен шут од 16-тина метри го совлада сонародникот Вања Милинковиќ-Савиќ и го постави конечниот резултат. Две минути претходно, Рома не успеа да реализира пенал, Андреа Белоти, кој во Рим дојде токму од Торино, ја погоди стативата, а во следната акција, Пауло Дибала ја погоди пречката.  Претходно, Торино поведе со голот на Карол Линети во 55-та минута.

Монца со 3:0 ја совлада Салернитана и избега од опасната зона. Карлос Густо, Дани Мота и Песина ги постигнаа головите за Монца која скокна на 14-та позиција со 16 бода. Салернитана остана на 17 бода и е 12-та на табелата.

Верона е зрела за испаѓање од Серија А и тоа го потврди и денеска губејќи од Специја со 1:2 на домашен терен. Верона е последна на табелата со пет бода, додека Специја има 13 и се наоѓа на 17-то место. Верона поведе со голот на Верди во 30-та минута, но гостите направија пресврт во второто полувреме. Нзола е херојот на Специја, тој прво во 53-та минута ги израмни резултатот, а во 69-та погоди за 1:2.

- Оглас -

Најнови вести