Матуиди конечно се појави во Мајами

Блез Матуиди и официјално е нов член на Интер Мајами, американската франшиза која ја поседува неговиот поранешен соиграч Дејвид Бекам. Французинот во следните три години ќе го носи дресот на новиот МЛС тим, откако спогодбено го раскина договорот со Јувентус.

Матуиди доаѓа со реноме на светски првак и ќе биде големо засилување за екипата на Бекам.

„Пресреќен сум што можам да му посакам добредојде на Матуиди во нашето семејство. Да се има играч од негов калибар во тимот со реноме на светски првак и врвни квалитети, навистина е огромно задоволство. За мене лично е посебно задоволство што во мојот клуб ќе игра мој поранешен соиграч“, истакна Бекам.

- Оглас -

Најнови вести