Мбапе диригира, ПСЖ победува (видео)

ПСЖ врза седум победи во низа во Лига 1 по вечерашниот триумф на гостувањето кај Нант со убедливи 3-0. Килијан Мбапе повторно блескаше за Светците и ја потврди извонредната форма од почетокот на сезоната.

Експлозивниот Французин учествуваше во два од трите погодоци за гостите, прво му асистираше на Ерера, за потоа во 65-тата минута да зголеми на 2-0. За Мбапе тоа беше седми погодок на шест меча во Лига 1, односно петта асистенција.

Во вкупно шест лигашки натпревари Мбапе погоди или асистираше во 12 наврати, нема сомнежи дека учинокот би бил поефикасен доколку не ги пропуштеше првите три средби поради корона-вирусот.

https://twitter.com/noobfcb/status/1322646739267031041

- Оглас -

Најнови вести