Мбапе е седмиот позитивен на Ковид-19 во ПСЖ, не игра утре против Хрватска

Килијан Мбапе е позитивен на корона-вирус и нема да игра за Франција, утре против Хрватска. Вирусот го покоси францускиот првак Пари Сен Жермен, а Килијан е седмиот играч што има симптоми на Ковид-19.

Претходно позитивни на тестирањето беа Нејмар, Икарди, Ди Марија, Паредес, Навас и Маркињос, а сега за жал им се приклучи и најдобриот играч Мбапе.

Килијан беше стрелец на победничкиот гол против Шведска, завчера во триумфот на актуелните светски прваци од 1:0 на гостински терен, но нема да игра против Хрватите, утре во Париз.

Тоа ќе биде реприза на последното мундијалско финале од Русија пред две години, кога Триколорите славеа со 4:2 и станаа светски прваци.

 

- Оглас -

Најнови вести