Мбапе ги „прегази“ Меси и Роналдо, Французинот е како машина за голови

Дуелот на Франција против Андора во квалификациите за Европското првенство 2020 година ќе му остане во сеќавање на Килијан Мбапе. Уште пред почетокот на средбата беше јасно дека Франција ќе победи, но не беше познато дека Мбапе на овој меч ќе го даде својот стоти погодок во кариерата.

Младиот 20-годишен голгетер го одигра 180-тиот натпревар на сениорско ниво и веќе има трицифрен број погодоци. Мбапе има 87 голови на клупско ниво (27 за Монако и 60 за ПСЖ), како и 13 погодоци за репрезентацијата на Франција. Играчот кој се очекува да доминира во светскит фудбал во следните 10-тина години, до јубилејниот 100-ти погодок стигна на возраст од 20 години и 173 дена.

Колку за споредба, двајцата најдоминантни играчи на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, многу подоцна стигнале до 100 погодоци. Аргентинскиот виртуоз се израдува на стотиот погодок на 22 години и 97 денови, додека Роналдо стигна до трифицрен број погодоци во кариерата на 22 години и 356 дена.

И по овој податок, Мбапе покажува дека треба да биде вистински наследник на Меси и Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести