Мбапе го исфрли Меси од Мундијалот во Русија, вечерва е нивниот втор дуел

Лионел Меси и Килијан Мбапе се главните ѕвезди кои ќе истрчаат на „Камп ноу“ и главни адути на Барселона, односно ПСЖ во првиот осминафинален двобој, а за Аргентинецот и Французинот тоа ќе биде само втор меѓусебен дуел, а прв во клупскиот фудбал.

Првиот се случи на СП во Русија на 30 јуни 2018 година, кога Триколорите со 4-3 ги елиминираа Гаучосите. Тогаш по 2-2, Мбапе за четири минути даде два гола и ја најави победата на Франција, која подоцна стана и светски првак.

Меси не го памети по добро првиот меч против Мбапе и тој меч беше осминафинален како вечерашниот, но на Мундијал, па сега две години и осум месеци подоцна Лео има прилика да се реваншира барем во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести