Мбапе го пецна клубот од кој зеде 150 милиони евра: Во репрезентацијата имам поголема слобода отколку во ПСЖ!

Килијан Мбапе изјави дека во националниот тим на Франција има поголема слобода во играта отколку во клубот Пари Сен Жермен и ги разлути фановите на париските Светци.

Мбапе летоска го продолжи договорот со ПСЖ и треба од клубот да земе дури 150 милиони евра за три години, но повторно е незадоволен. Мбапе е прва ѕвезда во репрезентацијата и тоа му се допаѓа повеќе отколку во клубот каде што покрај себе ги има разиграните Меси и Нејмар, на кои тој не им ја додава топката.

„Во репрезентацијата се бараат поинакви работи отколку во клубот. Тука имам многу поголема слобода. Како деветка го имаме Жиру, кој ја окупира противничката одбрана и јас имам повеќе простор. Во ПСЖ такво нешто не постои. Од мене се бара да играм во средина, многу е поразлично“, рече Мбапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести