Мбапе го повредиле затоа што е премногу добар!?

Не стивнуваат реакциите по повредата на Килијан Мбапе на синоќешниот дуел од финалето на Купот на Франција меѓу ПСЖ и Сент Етјен. Ѕвездата на светскиот фудбал мораше да излезе од игра откако врз него крвнички стартуваше Перин. Десниот зглоб на ногата на Мбапе најмногу настрада, а фудбалерот на крајот со бандажирана нога и со шатаки во рацете се појави на теренот за да го прими медалот за освоениот трофеј.

Засега не се знае точно колку е сериозна повредата, но самиот Мбапе објасни дека слушнал како нешто пукнало. доколку се работи за посериозна повреда, голгетерот на ПСЖ ќе го пропушти завршниот турнир во Лигата на шампиони каде, Светците треба да играат против Аталанта во четвртфиналната пресметка.

Меѓу оние кои коментираа за повредата на Мбапе беше и тренерот на Сент Етјен, Клод Пуел, кој се обиде да го одбрани својот фудбалер Перин и да објасни дека стартот бил ненамерен.

„Проблемот е во посветеноста и квалитетот на играчите на ПСЖ. Мислиш дека си дошол до топката, а тие се способни да изведат мајсторија во дел од секундата. Тоа и сега беше случај. Мора да најдеме баланс меѓу бескомпромисен и контролирана постапка. Мора да се најде вистинска комбинација. Секако дека ми е жал за повредата и се надевам дека не е ништо сериозно. Перин немаше намера да го повреди, едноставно одеше на топката“, објаснува Пуел.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести