Мбапе има џентлменски договор со ПСЖ?

Шпекулациите околу иднината на Килијан Мбапе секојдневно добиваат нова форма, а неговата евентуална преселба во Реал Мадрид ќе биде топ тема во текот на летниот преоден рок.

Управата на ПСЖ уште не се откажува од намерата да ја задржи младата ѕвезда, а сега француските медиуми тврдат дека Мбапе има џентлменски договор со Светците. Имено, доколку екипата биде значително засилена во пресрет на новата сезона, односно поголемиот дел од проектот се реализира до 1 август, Мбапе би ја продолжил соработката со гигантот од „Паркот на принцовите“.

Доколку не биде задоволен од работата на пазарот на својот клуб, Мбапе ќе даде конечен одговор кој нема да им се допадне на Светците, па на сила ќе го обезбеди своето заминување. Во меѓувреме се појавија шпекулации дека Мбапе има постигнато преддоговор со Реал, останува Кралевите да најдат заеднички јазик со ПСЖ околу сумата на трансферот.

- Оглас -

Најнови вести