Мбапе има два автомобили кои вредат 800.000 евра, ама не смее да ги вози (Фото)

Иако има само 21 година, Килијан Мбапе во последните неколку години блеска на светската сцена. Мбапе пред две години го освои и Светското првенство во Франција, кога беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Мундијалот. Тој е и еден од најплатените фудбалери во светот, а Пари Сен Жермен во следниот период ќе има мака да успее да го задржи во своите редови.

Дел од заработените милиони Мбапе реши да ги потроши на скапи автомобили. Во гаражата на Мбапе има место за два „ѕвера“. Тој во својот возен парк ги има автомобилите „ферари 458“ и „ауди Р8“. Овие скапи и брзи автомобили Мбапе сепак не може да ги вози поради тоа што фудбалерот уште нема добиено возачка дозвола.

Поради големите ангажмани окоу фудбалот, Мбапе немал време кога да полага за автомобил, па кога ќе реши да се повози со еден од овие два автомобили, мора да го ангажира личниот возач.

- Оглас -

Најнови вести