Мбапе не одржа цел тренинг на два дена пред дуелот со Сити

Килијан Мбапе би требало да се најде во составот на Пари Сен Жермен в среда на дуелот со Манчестер сити од полуфиналето во Лигата на шампионите, но денеска не беше присутен на целиот тренинг на Светците. Да се играше утре, парискиот тим веројатно немаше да може да смета на настап на Мбапе на целиот меч, а вака има уште еден ден за закрепнување и подготовка, па останува надеж дека ќе биде во потребната форма в среда вечерта.

Мбапе се повреди на мечот против Мец во саботата и беше заменет. Тренерот Маурисио Покетино рече дека повредата не е сериозна и се покажа дека е така, но прашање е дали Мбапе ќе биде 100 проценти спремен за мечот на сезоната за неговиот тим.

- Оглас -

Најнови вести