Мбапе пресреќен што ќе игра заедно со Бензема: Нема многу подобри од Карим

Француската фудбалска репрезентација како владетел со фудбалскиот свет е меѓу првите фаворити за претстојното Европско првенство, а откако Карим Бензема се врати во составот, шансите да го покорат Стариот Континент им се уште поголеми.

И Килијан Мбапе е среќен што ќе игра заедно со искусниот голгетер на Реал Мадрид, со кого во блиска иднина може да ја дели соблекувалната на клупско ниво доколку му се оствари желбата да го облече белиот дрес на Кралевите.

„Секако дека сум многу среќен што Бензема ќе ни биде на располагање. Нема многу подобри играчи во моментот. Фактот што за Реал игра цела една деценија значи дека знае како да се носи со притисокот во големите натпреварувања. Една од целите ми е да играм заедно со најдобрите фудбалери на светот, бидејќи со нив полесно можам да се прилагодам во каква било ситуација“, истакна Мбапе.

Триколорите ги чека исклучително тешка група на ЕП против актуелниот европски првак Португалија, Германија и Унгарија. Нивниот прв меч е закажан за 15 јуни против Панцерите.

- Оглас -

Најнови вести