Килијан Мбапе е огласи преку социјалните мрежи, и призна дека лани после поразот од Швајцарија на ЕП кога утна клучен пенал, навистина мислел веќе да не игра за репрезентацијата, а објасни и зошто.
Претседателот на француската фудбалска федерација, Ноел Ле Гре, откри дека Мбапе од разочарување после утнатиот пенал, најавувал повлекување од националниот тим после тој шокантен осминафинален пораз од Швајцарија. Француските играчи беа многу критикувани, особено Мбапе.
Но, ѕвездата на ПСЖ му реплицираше на Ле Гре, и кажа дека друга била причината за желбата веќе да не игра за Триколорите.
„Конечно сакам да објаснам дека тоа беше поради расистичките навреди кои ги добив, а не поради утнатиот пенал. И тогаш му го кажав истото на претседателот, но тој не сакаше да му верува, велеше дека немало расизам“ – порача Мбапе.