Мбапе се налути зошто мораше да излезе, но Тухел го фати за врат и му покажа кој е газда (Видео)

Пари Сен Жермен без никакви проблеми со убедливи 5:0 го победи Монпелје и се зацврсти на чело на табелата во француското првенство. И покрај убедливиот триумф, „жешко“ беше на клупата на домаќините. Откако Светците поведоа со 5:0 и беше јасно дека тоа ќе биде убедлив триумф на актуелниот првак, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел реши во 68 минута од игра да го извади Килјан Мбапе.

Француската супер ѕвезда даде еден гол, но кога на 20-тина минути до крајот требаше да излезе од игра, направи скандал. Мбапе покажа дека многу лут и дека воопшто не очекувал дека ќе биде заменет од игра. Кога искачаше од теренот, Мбапе незадоволно нешто му префрли на тренерот Томас Тухел, но очигледно дека тоа беше грешен потег на фудбалерот.

Тренерот Тухел веднаш реагираше и му објасни на Мбапе кој е газда. Стратегот на ПСЖ го мати Мбапе за лицето и почна да му објаснува нешто, а фудбалерот незадоволно мораше да слуша. По мечот Тухел ја објасни целата ситуација.

„Ова не беше убава слика, но сепак вакви работи се случиваат. Видов дека истото денеска се случило и во Борусија Дортмунд. Не е убаво да се случуваат вакви работи, бидејќи отвораат многу рани. Не сум лут, но сум тажен, затоа што мислам дека ова е непотребно. Јас сум тренер, човекот кој носи одлуки и така ќе остане. Јас сум тој што не носи одлуки и така ќе биде засекогаш. Играме фудбал и почитување мора да има“, објасни Тухел.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести