Мбапе се пофали со маица потпишана од Пеле

Најдобриот млад фудбалер на светот, Килијан Мбапе, кого често го споредуваат со легендата Пеле, за подарок доби маичка со потпис и посвета од бразилскиот „крал на фудбалот“. Ѕвездата на Франција и ПСЖ, со гордост, јавно се пофали и се заблагодари.

„Благодарам за овој прекрасен подарок кралу“, напиша Мбапе на „Твитер“, покрај фотографијата на која позира со маичката.

Мбапе годинава даде четири гола на СП, од кои еден во финалето, и стана првиот тинејџер по Пеле од 1958 година кој на Мундијал постигнал повеќе од еден гол на повеќе од еден натпревар. Нему му годат споредбите со Пеле, но сака во кариерата да си трасира свој сопствен пат.

Во дресот на ПСЖ, Мбапе има четири гола и две асистенции на три меча во француската лига сезонава, а моментно одлежува суспензија по добиениот црвен картон. Даде гол и во ЛШ против Ливерпул, а враќањето на терен ќе го има на 29-ти септември. во првенствениот меч против Ница.

- Оглас -

Најнови вести