Мбапе со радосна информација за Реал Мадрид

Според последните информации во француските медиуми, Килијан Мбапе летово сака да си замине од Пари Сен Жермен. Првата ѕвезда на француската репрезентација има уште 12 месеци од договорот со Светците, но одбил да ја продолжи соработката, што е јасен знак дека сака да си замине.

Доколку Мбапе не потпише нов договор, а летово не биде продаден, ПСЖ ризикува следното лето да го загуби Мбапе без да добие ниту едно евро за отштета. Реал Мадрид е клубот кој веќе подолго време се споменува како нова дестинација за голгетерот, но засега нема ништо конкретно.

„Знам дека Мбапе побарал да си замине од ПСЖ, но тоа е малку комплицирано. Мора да се најде клуб кој ќе има пари да го плати неговото заминување. Тоа што е точно е дека не сака да остане во ПСЖ бидејќи не верува во проектот на спортскиот директор Леонардо“, открива добро упатениот новинар на РМЦ, Даниел Риоло.

 

- Оглас -

Најнови вести