Мбапе утна пенал после две години, објавена важна одлука околу неговата иднина

Францускиот репрезентативен фудбалер Килијан Мбапе, попладнево на мечот со Казахстан, утна пенал за првпат по април 2019 година, но тоа нема воопшто да влијае околу неговата иднина во клупската кариера, иако донел одлука летово да не игра на олимпискиот турнир во Токио, туку да се фокусира на договор.

Мбапе е врзан за ПСЖ до јуни 2020, што значи дека и за парискиот клуб е подобро да го продаде летово, отколку да го загуби бесплатно во 2022. Интерес за Мбапе има од Реал Мадрид и Ливерпул. Реал е прв во редот за чекање, сака да го купи Мбапе, но не сака да си ги расипе односите со Светците.

Од друга страна, Мбапе најавил дека сепак нема да игра за својата репрезентација на ОИ во Токио, бидејќи летово сака да одмори и да донесе важна одлука после Европското првенство. Дали после четири години со ПСЖ ќе си замине, или ќе го продолжи договорот, ќе се знае после ЕП.

- Оглас -

Најнови вести