Мбапе за пет секунди го претрча пола терен и даде историски гол (Видео)

По подолго време, Пари Сен Жермен повторно се искачи на лидерската позиција во француското првенство, откако славеше со 4:2 во дербито против Олимпик Лион. Килијан Мбапе повторно беше предводникот на Светците, постигнувајќи два гола.

Актуелниот француски првак беше доминантен и веќе во 52 минута водеше со 4:0, а домаќините до крајот само го ублажија високиот пораз. Со двата гола што ги даде, Мбапе стигна до јубилејната бројка од 100 погодоци во француското првенство.

На Мбапе му беа потребни само 142 меча за да даде 100 гола во првенството, од кои 84 му се во дресот на ПСЖ, а 16 има како играч на Монако. Со 22 години, три месеци и еден ден, Мбапе влезе во историјата на француското првенство како најмлад фудбалер кој стигнал до бројката од 100 гола. Претходниот рекорд го држеше Херв Ревели кој во дресот на Сент Етјен даде 100 гола со наполнети 23 години. Тоа беше во далечната 1969 година.

Јубилејниот 100-ти гол на Мбапе беше спектакулаен, откако успеа за само пет секунди да претрча половина терен и да ја затресе мрежата на домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести