Меч од НФЛ-лигата се играше во екстремни снежни услови и ветер кој дуваше со 40 км/ч (Фото)

Кливленд браунс го победи Питсбург стилерс со 24-19 во меч од НФЛ-лигата во американскиот фудбал кој се играше во многу тешки услови бидејќи вееше снег и теренот беше обелен, а и дуваше силен ветар со брзина од 40 километри на час.

Како што одминуваше времето, така невремето се засилуваше, а според фотографиите и снимките, на тренерите на двата тима им беше можеби и најтешко.

На гледачите кои мечот го следеа од дома, на телевизија, им изгледаше како прекрасна зимска идила, фоторепортерите на стадионот се трудеа да направат што поатрактивни слики, но на актерите на теренот сигурно не им беше нималку пријатно.

- Оглас -

Најнови вести