Меч за уживање на „Етихад“: Три гола, многу возбудувања и водство за Манчестер сити (ВИДЕО)

Фантастично прво полувреме одиграат Манчестер сити и Реал Мадрид, по кое домашниот тим има водство од 2:1.

Иако се чинеше дека со головите на Кевин де Бројне по 93 секунди и на Габриел Жезус во 11-тата минута на Кралевите им се спрема дебакл, тоа не се случи, барем не засега.

Карим Бензема, на својот 600-ти натпревар за Реал Мадрид, во 33-тата минута ја погоди мрежата на Едерсон и со тоа најави неизвесен втор дел.

Можевме да видиме уште по некој гол во мрежите на Едерсон и Куртоа, а домаќините имаа многу повеќе шанси, но по голот на Французинот, Реал ја врати самодовербата и се врати во игра.

- Оглас -

Најнови вести