Мечот на кој границата е неверојатни 324,5 поени и се очекува да биде „плус“

Најголемите ѕвезди во НБА лигата вечерва ќе бидат собрани во Солт Лејк Сити во Јута со една цел, да направат кошаркарско шоу за памтење. Тимот на Леброн против Тимот на Јанис. Покрај Леброн во стартниот тим на Западот се Кари, Дончиќ, Јокиќ и Вилијамсон, додека на Истокот покрај Адетокумбо, меѓу стартерите ќе бидат и Курант, Ирвинг, Мичел и Татум.

Според звучноста на имињата, Западот треба да доминира, па затоа и коефициентот за победа на тимот на Леброн е помала. Интересна е понудата за бројот на постигнати поени, па тука границата е на неверојатни 324,5 поени.

Во еден регуларен НБА натпревар ова е нешто невозможно, но кога се работи за Ол-стар дуел, јасно е дека може да биде „плус“, па границата да биде и на 324,5 поени. Минатата сезона Тимот на Леброн го победи Тимот на Дурант со 123:120, што значи дека имало 323 поени.

- Оглас -

Најнови вести