Мечот на Тим во Австралија прекинат поради отровна змија која се појави на терен

Во Австралија моментно се одржуваат неколку тениски турнири кои претставуваат загревање за првиот гранслем-турнир во годината, Отвореното првенство на Австралија, а на еден од нив учествува Доминик Тим кој невообичаен гостин.

Неговиот меч против Џејмс Мекејб беше прекинат поради змија која се појави на теренот. Според медиумите, станува збор за отровна змија која бил долга околу половина метар.

Луѓето од организацијата веднаш реагирале, повикале експерти за ловење змии кои успеале да ја фатат змијата по што мечот продолжил да се игра и на крајот славеше Тим со 2:6,7:6,6:4.

 

- Оглас -

Најнови вести