Мечот со Ирска е многу важен за да се врати (самодо)вербата во репрезентацијата

Секој пораз боли многу, но ако го прекине сонот за настап на Светско првенство, тогаш отвора големи рани. Данците убедливо ја поразија селекцијата на Гоце Седлоски и ставија крај на надежите за пласман на Мундијалот.

Пет дена подоцна, фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ќе одигра натпревар против Република Ирска во Даблин, како дуел на две поразени селекции во полуфиналниот плејоф за СП 2026.

Навидум е резултатски неважен, но всушност ова е многу важен меч за македонската фудбалска репрезентација. Фудбалерите да ја вратат самодовербата, а нацијата да ја врати вербата во репрезентацијата.
„Секој фудбалер игра за државата, за Македонија. Не игра за мене или за поединци. Ова е репрезентација на Македонија“, изјави селекторот Гоце Седлоски на вчерашната прес-конференција.

Имаше и негодувања, незадоволство од минутажата и изборот на селекторот. Бојан Миовски се врати во клубот по барање на Глазгов ренџерс, а Александар Трајковски стави крај на репрезентативната кариера. Напомена и дека смета дека неговиот труд не е доволно вреднуван.

Од тој аспект, за да се врати (самодо)вербата во репрезентацијата, вечерашниот меч против Република Ирска е многу значаен.

„Јас сакам да победам на секој натпревар, посебно кога играм за Македонија“, истакна голманот Столе Димитриевски.

Вечерва, на стадионот „Авива“ во Даблин, Македонија ќе ги одмери силите со Ирска, која исто така е „ранета“ по поразот на пенали од Чешка во полуфиналниот плејоф за пласман на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести