„Медисон Сквер Гарден“ се тресе како некогаш, Никси повторно се хит во НБА (Видео)

Њујорк никс поведе со 3-1 во победи против Кливленд кавалирс, откако вечерва во „Медисон Сквер Гарден“ домашните славеа со 102-93. Ако се пласираат во следното коло, таму ги чека Милвоки бакс или Мајами хит.

Никси се магнет за познатите фаци кои живеат во Големото јаболко, повторно првите редови се исполнети со филмски и музички ѕвезди, а кошаркарите на Њујорк им возвраќаат со победи.

Џејлен Брансон со 29 поени, беше најефикасен поединец кај Никс, а една од неговите тројки беше клучна за конечниот исход.

- Оглас -

Најнови вести