Медведев испадна, на Ѓоковиќ му се отвора патот до финалето во Синсинати

Александер Зверев го победи Данил Медведев во дербито од осминафиналето на Мастерсот во Синсинати.

Германецот од Русија го совлада најдобриот руски тенисер и е трети на АТП-листата, со 6-4, 5-7, 6-4. Во четвртфиналето, Зверев ќе се сретне со Мекдоналд или Манарино, па за очекување е да се најде во полуфиналето, каде што би играл против Новак Ѓоковиќ ако Србинот најпрвин вечерва го елиминира Монфис, а потоа и Лајовиќ или Фриц.

- Оглас -

Најнови вести