Медведев испадна од пријател против кој до денеска немаше загубено ниту сет

Данил Медведев е елиминиран од Мастерсот во Синсинати. Русинот се надеваше дека ќе го освои турнирот и ќе му се доближи на прворангираниот Новак Ѓоковиќ, но патот го заврши во полуфиналето. Подобар од него беше сонародникот Андреј Рубљов кој славеше со 2-6, 6-3, 6-3.

Рубљов до денеска немаше освоено ниту сет против популарниот Медо, но откако ја прекина серијата од 13 загубени сетови по ред, успеа и да го елиминира првиот носител на Мастерсот.

Во финалето, Рубљов ќе игра со Циципас или Зверев.

- Оглас -

Најнови вести