Медведев ќе го предизвика Нишикори за титулата во Бризбејн

Данил Медведев ќе игра за четвртата титула во кариерата, по победата во полуфиналниот дуел против Жо Вилфрид Цонга, а последна пречка за конечен триумф во Бризбејн ќе му биде Кеи Нишикори.

Медведев славеше со 7:6 (8), 6:2 против искусниот француски ас и ја оправда улогата на фаворит, бидејќи е рангиран како четврти носител на турнирот.

Претходно, Кеи Нишикори лесно го „преслуша“ Жереми Шарди, на двапати со по 6:2 и ќе биде фаворит во финалето против Медведев.

Нишикори е рангиран како втор фаворит на турнирот, а досега има 11 АТП титули. Мечот за трофејот ќе се игра утре од 10 часот.

- Оглас -

Најнови вести