Медведев не личеше на тениски број 1, прегазен е од Хуркач во финалето во Хале

Полјакот Хуберт Хуркач е победник на турнирот во Хале кој се игра на тревната подлога, како една од генералните проби пред грен-слемот Вимблдон.

Хуркач кој од утре ќе биде во топ 10 на АТП листата, во финалето го надигра Данил Медведев со 6-1, 6-4. Русинот е лидер на АТП листата, но денеска одигра слабо и со играта не личеше на некој што треба да го нарекуваат најдобар на светот.

Хуркач кој е роден на ист датум со Медведев, но една година е помлад, се покажува како многу незгоден ривал за Медо. Лани на Вимблдон, Хуркач во осминафиналето во меч со пет сета, го елиминираше Русинот. Хуркач нема загубено финале во кариерата, ги доби сите пет.

- Оглас -

Најнови вести