Новак Ѓоковиќ ќе биде прв, а Рафаел Надал втор носител на претстојниот гренслем-турнир Вимблдон, па дуел на овие две тениски трофејни мегаѕвезди ќе биде можен само во финалето ако двајцата стигнат до таму.
Годинешниот Вимблдон е засенет од одлуката за забрана на настап на Русите и Белорусите, како и од тоа што нема да се доделуваат бодови, па Ѓоковиќ како лански победник ќе загуби 2.000 поени и од средината на јули ќе падне дури на седмо место на АТП-листата. Но, големиот мотив на Србинот е евентуалната 21-ва гренслем-титула, со која би бил осамен на второто место на вечната листа.