Мегадуел на Дончиќ и Ембид, двајцата ја бркаат границата од 30+ поени

8181 Џоел Ембид (НБА, Филаделфија – Далас, 01 часот)

Центарот на Филаделфија има прекрасна сезона, а февруари е месецот во кој блеска во полн сјај. Ембид одигра 10 натпревари месецов и на 7 од нив постигнуваше минимум 30 поени, што го доведе до третата позиција на најдобри стрелци во НБА-лигата со просек од 29,8 поени по меч.

Пред пет дена го забележа и рекордниот учинок сезонава со 50 поени и 17 скока против Чикаго булс и потврди дека е во топ-форма. Проблем му се повредите, но кога е фит, е еден од најдоминантните центри во НБА-лигата.

Двајт Пауел и Вили Коли-Стајн не се калибар на центри што можат да го сопрат лидерот на тимот на 76-те и ќе типуваме дека Ембид ќе запише уште еден меч со 30+ поени.

Предлог тип: >30.5 поени (1.87)

 

8337 Лука Дончиќ (НБА, Филаделфија – Далас, 01 часот)

Интересно, иста е границата на поени во Sport Life и за Лука Дончиќ, па се очекува спектакуларна трка по поени на два големи асови во НБА-лигата.

Лука неверојатно брзо се прилагоди на системот на игра во најсилната лига на светот и веќе е една од најголемите ѕвезди, а со игрите го заслужи и местото во стартната олстар-петорка на Западната конференција. Почна веќе и да руши рекорди во неколку категории, а просекот сезонава му е речиси со трипл-дабл ефект.

Постигнува по 28,9 поени по меч и има 9,2 асистенции и 8,6 скока. Имаше неколку брилијантни претстави со по 46, 44, 42 постигнати поени на меч.

Словенецот е еден од ретките кошаркари во НБА-лигата од младиот бран што може да игра на сите позиции, освен центар, а разновидноста и одличната техника му даваат предност во однос на ривалите.

Ноќеска веројатно нема да игра втората голема ѕвезда кај Далас, Кристапс Порѕингис, што значи дека Лука ќе има поголем број удари, а очекуваме и да постигне многу повеќе од 30 поени, колку што е потребно за уште еден плус сезонава за извонредниот кошаркар на Маверикс.

Предлог тип: >30.5 поени (1.80)

 

8312 Тампа беј лајтнинг – Каролина хурикенс (НХЛ, 01 часот)

Шампионот и со многу проблеми поради повреди на дел од клучните хокеари завчера ја декласира Каролина со 3:0 на домашен терен, а ноќеска очекува реприза.

На големиот проблем и долгото отсуство на Никита Кучеров, кој е еден од најдобрите играчи кај Тампа беј, се надоврза и отсуството на легендата Стивен Стамкос.

И без двајцата опасни напаѓачи, Грмотевиците лесно ја победија Каролина, а охрабрување за нив пред новиот дуел со Ураганите е можниот камбек на Стамкос.

Во краток рок од 21 февруари двете екипи одиграа дури три меча, на два славеше Тампа беј со 4:2 и 3:0, а еднаш Каролина беше подобра и победи со 4:0.

Очекуваме ноќеска да биде 3:1 во корист на шампионот и ќе типуваме единица.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

8507 Никола Вучевиќ (НБА, Бруклин – Орландо, 01.30 часот)

Црногорскиот репрезентативец е во Топ-20 на листата со најефикасни кошаркари во НБА-лигата и прв стрелец на Орландо меџик, а и сезонава е лидер на тимот.

Пред 20 дена со спектакуларна партија против Чикаго булс си го подобри личниот рекорд во НБА со 43 поени, а имаше и 19 скока. Само една недела подоцна беше на прагот да си го подобри рекордот и постигна 42 поени против Сакраменто, само како дел од мозаикот на прекрасни партии баскет што ги игра Вучевиќ и сезонава.

Тој е еден од најнезгодните центри за чување во НБА-лигата бидејќи знае да шутира и тројки, а со одличната техника што ја има без проблем им парира и на најробусните петки во Лигата.

Веќе одигра еден меч сезонава против Бруклин нетс и им го наполни кошот со 34 поени, па нема причина да не го репризира изданието од 17 јануари во „Баркли центарот“ во Њујорк.

Предлог тип: >27.5 поени (1.87)

 

8338 Џулиус Рендл (НБА, Њујорк никс – Сакраменто кингс, 01.30 часот)

Интересен е учинокот на крилото на Њујорк никс на последните три меча, а сите три ги заврши со по 25 постигнати поени. Токму толку му требаат и ноќеска на дуелот против Сакраменто кингс за да ја мине поставената граница од 24,5 поени во Sport Life.

Против Кралевите одигра одличен меч на 23 јануари, а имаше 26 поени и 15 скока како прв стрелец на дуелот што Никс го загубија со 103:94.

Рендл е одличен кошаркар, лидер е на тимот од Њуорк, кој сезонава по долг период има шанси за настап во плејофот. Просекот му е дабл-дабл сезонава со 23,3 поени и 10,9, а Џулиус може да игра и на центарската позиција по потреба, иако е по природа моќно крило.

Предлог тип: >24.5 поени (1.87)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести