Мегадуел на Јокиќ и Дончиќ е гаранција за плус поени, за десетка е и понудата на Sport Life со кошгетери (Фото)

Три натпревари ноќеска ќе се играат во НБА-лигата, а има два дерби-дуели со по 161 различна игра и плус понуда со кошгетери во Sport Life.

Од 01.30 часот Леброн Џејмс пак ќе гостува во Кливленд, каде што освои титула со Кавалирс, сега како член на Лос Анџелес лејкерс.

Кливленд е фаворит со 1.59 квота за победа, но против тим што ги има Џејмс, Ентони Дејвис, Расел Вестбрук и има 17 титули во НБА не може однапред да се запише триумф.

Второто дерби е меѓу Денвер и Далас, а во фокусот ќе бидат Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Двајцата кошаркари од просторите на поранешна Југославија се меѓу главните ѕвезди во НБА-лигата и кога тие играат, тоа е речиси сигурна гаранција за многу поени.

Во понудата на Sport Life границата за вкупно поени е 222.5, па како добар избор изгледа да се одигра плус со коефициент од 1.97.

Во релативно скромната понуда само со три натпревари, како убаво дополнување е можноста да одиграте на индивидуален учинок на 10-мина кошаркари.

Ентони Дејвис е вo страшна форма, па за него границата од 28,5 поени е сосема достижна откако пред две ноќи на Вашингтон му даде дури 55 поени.

Леброн Џејмс секогаш може да одигра блескава партија баскет, за него границата е 26,5 поени, а тука се и врвните стрелци на Кливленд, Донован Мичел и Дариуш Гарланд, па можете да си одиграте покер стрелци на плус поени од ист меч или да додате уште некој кошгетер за поголеми добивки во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести