Мега скандал ја тресе Барселона, цел фудбалски свет е во шок!

Шпанските медиуми открија огромен скандал во Барселона предизвикан од актуелниот претседател Хосеп Марија Бартомеу, кој наводно најмил компанија која за еден милион евра требало да ја фали неговата работа, но и преку профили на социјалните мрежи да се оцрнуваат и понижуваат сите противници на Бартомеу, меѓу кои дури и најдобриот фудбалер во историјата на Барса, Лионел Меси.

Освен Меси, цел на Бартомеу се и Пике, Чави, Пеп Гвардиола, неговите ривали за претседателското место, но и главните политичари кои се борат за осамостојување на Каталонија.

Бартомеу уште во 2017 година ја најмил компанијата „И3 Вентурас“, која е специјализирана за креирање мислење на социјалните мрежи. „И3 Вентурас“ преку стотина профили на социјалните мрежи ја фалеле работата на Бартомеу и вршеле напади врз неговите противници.

Меси бил на удар за одложување на потпишување на новиот договор и дека се криел зад жена му во една ситуација. На Пике му се замерувало за бизнисот во кој се вклучи и организирање нов Дејвис куп во тенисот. Чави и Пујол биле цел поради поврзаност со Виктор Фонт, кој ќе биде еден од главните кандидати за нов претседател на Барселона на изборите следната година, а екстренерот Гвардиола го напаѓале дека многу сака да трча по пари.

Се очекува реакција од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести