Мегаскандал – Селекторот на Малта повикал романски фудбалер да гледаат порно, па мастурбирал пред него

Мегаскандал има во Малта, а актуелниот селектор на националната селекција, Дејвис Манџа, е обвинет дека сексуално малтретирал романски фудбалер додека бил тренер на Универзитатеа Крајова.

Мајката на Разван Попа, Александра, го обвини италијанскиот тренер дека го принудил нејзиниот син да гледаат порнофилм, а потоа пред него и се самозадоволувал.

Манџа е под истрага и моментно е суспендиран, а Попа имал психички проблеми потоа и ја прекина фудбалската кариера.

Манџа е селектор на Малта од 2019 година, роден е во Италија, каде што предводеше неколку клубови, меѓу кои и Палермо во 2011 година во Серија А.

Потоа беше селектор на младата италијанска репрезентација за играчи до 21 година, па се пресели во Специја, Бари и Асколи, а од 2017 до 2019 година беше тренер на Универзитатеа и во тој период е случајот со Попа.

Разван Попа годинава одлучи да ја прекине фудбалската кариера на 25-годишна возраст.

 

- Оглас -

Најнови вести