Мега-талентот на Баерн ќе потпише 5-годишен договор, можно е и да дебитира за Германија против Македонија

Баерн Минхен со богат 5-годишен договор ќе го чува својот фудбалски бисер Џамал Мусијала, а се чека само да дојде финишот на февруари и да биде верификуван потпис на договорот.

Најмладиот дебитант на Баерн во меч од Бундеслигата на возраст од 17 години и 205 дена е голем талент, а за него се заинтересирани неколку европски гиганти.

Сепак Баерн е актуелен европски и германски првак и великанот знае да си ги чува играчите што се екстра-таленти, па Мусијала ќе продолжи да игра за Баварците.

Во целата приказна се вмеша и Германската фудбалска федерација, кој му нуди на се уште 17-годишното момче да дебитира и за германската репрезентација и тоа веќе во март.

Можно е тоа да биде токму на дуелот против Македонија во Дусибург на 31. март во меч од квалификациите за СП 2022 година, или на некој од двата претходни дуели на „Елфот“ со исланд, или Романија.

Германците ќе се тркаат со Англија, селекција која исто така сака да го види Мусијала во своите редови. Приказната му е интересна и има играно и за двете велесили во младинските категории.

Џамал е роден во Штутгарт, но на 7-годишна возраст се пресели во Англија. Беше дел до младинската Аакдемија на Челзи до 16-годишна возраст кога се врати во Германија и во 2019 година му се приклучи на Баерн Минхен.

Мусијала играше за англиските репрезентации до 15, 16, 17 и 21 година и за Германија во селекцијата до 16 години. Се уште не се одлучил за која сениорска репрезентација ќе игра, но Германците тврдат дека ќе ги одбере нив и веднаш во март кога веќе ќе има 18 години му нудат да дебитира за 4-кратниот светски првак против Исланд, Романија, или Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести