Типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е отворено, а меѓу 13-те натпревари што треба да се погодат има вистински предизвици.
Мегапресметката на Ливерпул и Манчестер сити е натпреварот број еден за овој викенд, но интересно ќе биде и на бундеслигашкото дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Вечното хрватско дерби на „Пољуд“ помеѓу Хајдук и Динамо Загреб е само уште еден од натпреварите коишто треба да се погодат на патот до одличните подароци од Sport Life за најуспешните.
Во новото коло по три натпревари има од Германија, Англија и Франција, два се од шпанската Ла Лига и по еден меч од Серија А и ХНЛ.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.