Меѓу Авганистанците кои загинаа по падот од воениот авион е и големата фудбалска надеж (Видео)

Пред неколку дена светот беше сведок на хаотичните сцени што се случија на аеродромот во Кабул, главниот град на Авганистан. Откако Талибанците ја презедоа контролата во земјата, голем број граѓани во страв се обидуваат да избегаат.

Страшни беа сцените снимени на аеродромот, кога воен американски авион полета, а на надворешниот дел од авионот буквално висеа луѓе, кои во очај да избегаат не сакаа да се пуштат од авионот. За жал, тројца од тие што останаа да се држат за авионот паднаа само десетина секунди откако авионот полета.

Меѓу тројцата жртви е и младиот авганистански фудбалски репрезентативец Заки Анвари. Тој и уште двајца не успеале да се задржат за авионот и паднале директно на крововите на околните куќи и веднаш починале.

Заки беше еден од најнадежните млади фудбалери во Авганистан кој реши да бега по доаѓањето на Талибанците на власт, но, за жал, неговиот обид да се држи за надворешниот дел од воениот авион заврши трагично.

 

- Оглас -

Најнови вести