Меѓу играчите на Спортска прогноза има многу повеќе ѕвездаши отколку партизановци

Иако помина само еден ден од почетокот на типувањето за новото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе се наѕираат фаворитите на мнозинството прогнозери на одредени мечеви.

Така за вечното белградско дерби помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан, од оние што досега се изјасниле, дури 80 проценти типуваат победа на Црвено-белите, а само 6,6 отсто веруваат во победа на гостите.

Дерби-меч се игра и во Премиер лигата, Ливерпул гостува кај Манчестер сити, а засега 10 проценти повеќе прогнозери типувале на победа на Граѓаните. Најголема е поделеноста кај Астон вила – Челзи, каде што од 30 до 35 проценти прогнозирале и на кец и на двојка и на икс. Но, има уште доволно време за типување (до сабота во 13.30 часот), па можно е да дојде до големи промени во процентите.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести