Мегваер даде гол и пак не им чини на Англичаните (Видео)

Хари Мегваер беше стрелец на еден гол во петардата што Англија им ја испорача на Албанците на „Вембли“, но и тоа не беше доволно за да избегне нови критики.

Стоперот и капитен на Манчестер јунајтед е често на мета на остри критики на навивачите на Црвените ѓаволи поради слабите игри, а вечерва трпи критики и од поранешен играч на 20-кратниот англиски првак.

Рој Кин, кој е легенда на Манчестер јунајтед го нараче начинот на прослава на голот на Мегваер срамен чин.

Стоперот беше стрелец на првиот гол во деветтата минута, а потоа со познат гест со раце на ушите се радуваше за погодокот. Голот можете да го погледнете ОВДЕ.

„Сигурно мислеше дека со тоа ќе ги стивне критиките. Но, јас мислам дека е срамен гестот на Мегваер. Тој е срам за Манчестер јунајтед во последно време,а сега и гестикулира без потреба“, рече Кин во анализата на мечот на ТВ екраните.

 

 

- Оглас -

Најнови вести