-1.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Мегваер: Дали ќе си заминам? Јас знам дека сѐ уште сум дел од иднината на Манчестер јунајтед

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед подготви трансфер листа на која се наоѓаат седуммина фудбалери, а меѓу нив и репрезентативецот на Гордиот Албион, Хари Мегваер.

Тоа и не е ништо ново за дефанзивецот, бидејќи речиси редовно го споменуваат како еден од кандидатите за заминување на „Олд Трафорд“, но тој секогаш останува во тимот.

Затоа, и овојпат даде сличен одговор.

„Да ви кажам искрено, сè што сум слушнал е дека сè уште сум дел од иднината на клубот. Подготвен сум да се борам за најголемите трофеи и се надевам дека новата сезона ќе ни биде многу поуспешна“, изјави Мегваер за медиумите на Островот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести