Мегваер си оди од Манчестер Јунајтед, но ќе остане во Премиер лигата?

Екипата на Тотенхем покажува сериозен интерес во своите редови да го донесе најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Хари Мегваер, од Манчестер Јунајтед.

“Црвените ѓаволи“ во 2019-тата година го купи Мегваер од Лестер за 87 милиони евра, а неговата цена според Трансфермаркет во моментов е само 25 милиони евра.

Договорот на дефанзивецот со Манчестер Јунајтед истекува во 2025-тата година, а новиот тренер на Тотенхем, австралиецот Постекоглу, посакува да го види во својата екипа следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести