Мек е чеканот на Вест Хем за Тотенхем – Кејн асистираше, а Сон со голови ги декласира гостите (Видео)

Хјунг-Мин Сон постигна два прекрасни гола за Тотенхем против Вест Хем, претходно го „принуди“ и Зума да си постигне автогол и е најзаслужен за победата на Спарс од 3:1 против Чеканите.

Тандемот Кејн-Сон доминираше во дербито на Лондон. Кејн имаше две асистенции, а Син со два гола ги декласира градските ривали од Лондон.

Дербито почна одлично за Тотенхем, а Зума си постигна автогол во 9. минута.

Гостите беа во нокдаун и ги нокаутира Сон со убав погодок во 24. минута за предност на домашниот тим од 2:0.

Три погодоци беа постигнати во првото полувреме, а Саид Бенрама намали на 2:1 во 35. минута.

Во финишот Сон со 13-от гол сезонава ја запечати победата на домашниот состав.

Тотенхем освои значајни бодови и го прескокна Манчестер јунајтед на петтата позиција со 51 бод.

Пред нив се Манчестер сити со 70 бода, Ливерпул со 69, Челзи со 59 и Арсенал со 54 на првите четири места во Премиерлигата што водат во Лигата на шампионите.

Вест Хем е на седмото место со 48 бода.

Во исто време од 17.30 часот во меч од Бундеслигата во Германија, Баер Леверкузен го победи Волфсбург како гостин со 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести