Мекгрегор објасни зошто по третпат се пензионира: Ми здодеа играта…

Конор Мекгрегор утрово објави на социјалните мрежи дека оди во пензија, веќе по третпат во изминативе неколку години. Двократниот УФЦ шампион во лесна категорија требаше да се бори годинава со победникот од борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи, меѓутоа му здодеало да чека.

„Веќе не ме привлекува да се тепам, ми здодеа играта и чекањето. Ја разгледав листата на потенцијални противници и нема ништо интересно. Не чувствувам возбуда да влезам во октагонот, се чини дека го надминав тој дел од мојот живот“, истакна Мекгрегор за „И-Ес-Пи-Ен“.

Ирецот кариерата ја заврши со учинок од 22-4, а добро се памети и неговото учество во бокс-спектаклот против Флојд Мејведер, меч во којшто Конор загуби.

- Оглас -

Најнови вести