Мекрегор потврди дека се интересира за купување на Ливерпул!

Конор Мекрегор, еден од најпопуларните УФЦ борци, преку социјалните мрежи потврди дека може да влезе во трка за купување на акциите кои ќе одат на продажба од легендарниот англиски клуб Ливерпул.

„Фенвеј спортс груп“ (ФСГ), кој моментно е сопственик на Црвените од „Енфилд роуд“, најверојатно ќе дозволат да имаат нов инвеститор и партнер во клубот. Првичните шпекулации беа дека Сер Џим Ратклиф, кој е еден од најбогатите Британци, може да ги откупи акциите, но тој самиот демантираше дека е заинтересиран за купување на Ливерпул.

Малку подоцна, Мекрегор преку социјалните мрежи најави дека е подготвен да влезе во трка за купување на Ливерпул. На прашањето на еден фан дали Мекрегор би влегол како сопственик на Ливерпул, борецот одговори: „Би сакал! Веќе побарав информации околу тоа. Само што дознав за тоа. Каков расплет! Каков клуб!“, беше пораката која Мекрегор ја упати преку социјалните мрежи.

Мекрегор речиси една и пол година не е активен во УФЦ, а последната борба ја имаше во јули 2021 година, кога загуби од Дастин Појре.

- Оглас -

Најнови вести