Мекгрејди: Чикаго го понуди Пипен за мене, а потоа се замеша Џордан

Трејси Мекгрејди се памети како еден од најдобрите поентери во историјата на НБА-лигата, но никогаш не го достигна врвот, односно кариерата ја заврши без шампионски прстен. Тој се приклучи во најатрактивната кошаркарска лига во светот на драфтот во 1997 година како деветти пик на Торонто репторс, а откри дека бил на чекор од потпис со Чикаго  булс, но Мајкл Џордан земашал прсти во таа зделка.

Биковите сакале да го трејдуваат Скоти Пипен за тогаш младиот Мекгрејди, меѓутоа Џордан имал големо влијание врз одлукита на франшизата и ја стопирал оваа размена.

„Вечерта кога се одржуваше драфтот, Чикаго речиси постигна договор со Репторси на кои им беше понуден Пипен во замена за моите услуги. Двете страни ја прифатија размената, но на крајот Џордан стави вето на таа зделка“, откри Мекгрејди.

Популарниот Ти-Мек во кариерата двапати беше прогласен за најдобар поентер во регуларниот дел од сезоната, а седумпати се појави на Олстар-викендот. По Торонто, играше за Орландо Меџик, најмногу се задржа во Хјустон рокетс, а во залезот на кариерата малку играше и за Њујорк никс, Детроит пистонс и Атланта хокс.

- Оглас -

Најнови вести