Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ е нов играч на Задар откако денеска потпиша договор до крајот на сезоната.
Мекиќ сезоната ја започна во дресот на МЗТ Скопје, во јануари се пресели во екипата на Темишвар, а од денеска е нов кошаркар на хрватскиот тим.
Тој нема да може да игра за Задар во АБА-лигата бидејќи истече рокот за регистрирање нови кошаркари, туку само во домашниот шампионат.
Адем Мекиќ е првиот Македонец што по Тодор Гечевски ќе го носи дресот на Задар.