Мекинро: Лудо е, Ѓоковиќ може да го освои Вимблдон, а да падне на 40-то место

Тениската легенда Џон Мекинро, кој сега работи како телевизиски коментатор, смета дека е неправда што Новак Ѓоковиќ кој е потенцијален победник на Вимблдон, после САД опен за некој месец, може да падне дури на 40-тото место на АТП листата.

Ако триумфира на Вимблдон, Србинот ќе освои пари и пехар, но нема да добие 2.000 поени, па ќе падне на седмо место. Огромен пад на Новак на АТП листата ќе има ако не му биде дозволено да настапи на САД опен.

„Новак е јак во главата. Мора да се бори и против публиката која најчесто е против него. Во Монте Карло беше вон форма, но изгледаше дека е спремен на Ролан Гарос. Проблем му е што долго немаше играно на грен-слем. Под притисок е, сега и да победи на Вимблдон, може да падне на 40-то место за неколку месеци, ако не смее да игра во САД. Тоа е лудо“ – коментира Мекинро.

- Оглас -

Најнови вести